Милиони луѓе кои ја примиле вакцината против COVID-19 доживеале несакани ефекти и ова е добар показател дека имунитетниот систем се подготвува да одговори во случај на инфекција, но доколку таквите знаци не постојат, нема причина да се грижите, велат експертите, додавајќи дека несаканите ефекти се разликуваат од личност до личност.
Колку повеќе луѓе се вакцинираат низ целиот свет, толку повеќе информации пристигнуваат за несакани ефекти, без оглед за која вакцина станува збор. Некои по вакцинирањето ќе ги поминат своите денови во кревет, додека други нема да чувствуваат никакви последици. Што е причината?
Д-р Роберт Финберг, професор на Универзитетот во Масачусетс, објасни како телото развива две реакции на вакцината: почетен имунолошки одговор и адаптивен имунолошки одговор што се јавува подоцна и помага да се заштити од подоцнежни средби со вирусот.
Долгорочната адаптивна реакција се потпира на Т и Б имуните клетки кои учат како да го препознаат вирусот, поточно неговиот протеин. Ако се појави повторно, со месеци или години во иднина, тој имунолошки одговор ќе го препознае стариот непријател и ќе започне да произведува антитела што ќе го уништат, објасни лекарот.
Д-р Марк Лофман за NBC 5 изјави дека реакцијата на телото е одраз на тоа колку се различни нашите имунолошки системи.
Секој имунолошки систем е мозаик за тоа низ што сме поминале, низ што поминуваме во моментот и што имаме во нас. Индивидуалниот одговор варира од личност до личност, објасни тој.
Д-р Крис Томпсон, имунолог од Универзитетот Лојал во Америка, објасни за „Heltilife“ како различно реагираме на вакцината од повеќе причини, истакнувајќи дека општото здравје, генетиката, околината, полот и возраста се само некои од факторите. Дури и ако се чувствувате добро по вакцината, тоа не значи дека вашето тело не обезбедило добар имунолошки одговор.
Најчестите последици се болка, црвенило, оток, замор, главоболка или гадење, велат експертите, но кој било од симптомите, без разлика дали е лесен или тежок, не значи дека вакцината работела послабо или подобро. До денес, научниците не ја поврзуваа силата на реакцијата со подобар адаптивен одговор.
Ако не сте имале реакција, тоа не значи дека вашиот имунолошки систем не работи. Јас не би се фокусирал на таа реакција како доказ за дејството на лекот, рече д-р Џејмс Фернандез, алерголог.
Само околу 50 проценти од вакцинираните имале несакан ефект кој не претставувал болка во раката, додека 95 проценти од нив биле заштитени од потешка форма на COVID.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.