Дали чувствувате дека јазикот и устата ви горат или чешаат за време или после јадење киви? Во следните редови дознајте дали ова е нормално или е симптом на здравствен проблем…
Киви, како и некои други овошја, има киселина која често предизвикува реакција слична на алергија во вашето тело. Чешањето или печењето на јазикот за време или после јадење на ова овошје е релативно честа појава, но во комбинација со некои други симптоми може да биде знак за сериозна алергија.
Нашиот совет е да се консултирате со лекар само ако:
Пецкањето и чешање се влошуваат;
Чувствувате вкочанетост на јазикот или устата;
Јазикот и устата ви се отечени;
Дишете тешко.
Како да се ублажи чувството на печење на јазикот?
Постојат неколку начини да си го олесните конзумирањето на ова вкусно овошје. Можете, на пример, да јадете ладна храна со киви. Јогуртот е омилен додаток на киви за многумина, но има и други опции. Друг начин да го намалите горењето и чешањето на кивито е да пиете доволно вода за време на неговото консумирање, бидејќи може делумно да ја измие киселината од устата и јазикот.
Во случај ништо од ова да не ви помогне и секогаш кога јадете киви мора да се опоравувате од тешката реакција што ја предизвикува на устата и јазикот, наша препорака е да го избегнувате ова овошје.