Според грчките медиуми, само на една забава во познатиот бар на плажа во Атина, биле заразени околу стотина млади луѓе, јавуваат грчките медиуми.

Затоа, најавени се нови ограничувања. Од утре, сите кафулиња, ресторани, барови и клубови ќе можат да работат само доколку во нив има обезбедени места за седење, за сите гости.

Во последните 24 часа во Грција се регистрирани 1.797 новозаразени лица, од кои над 1.000 во поширокиот регион на Атика, починале осум пациенти. На респиратот во болниците низ Грција се 168 пациенти.

Заменик министерот за цивилна заштита Никос Хардијас предупреди дека во последните 10 дена просечната возраст на новозаболените е 27 години и дека 32 проценти од нив најверојатно биле заразени на забави на отворено.

„Позаразниот вид Делта можеби стана доминантен и се шири во Грција“, рече тој, повикувајќи ги граѓаните да се вакцинираат.

Тој додаде дека има голем скок во бројот на случаи, што е скоро тројно зголемено од 28 јуни.

“Вакцинирајте се сега. Особено помладата генерација треба да ги заштити своите родители и другите постари”, рече тој за грчката национална телевизија ЕРТ.