Докторот Нико Беќаровски си заминува од државното здарсвтво, од токсикологија, таму кадешто навикнавме да го гледаме со години. Така може да се протолкува неговата порака на Фејсбук.
Докторот од Клиниката за токсикологија Нико Беќаровски на својот фејсбук-профил напиша:
„35 години бев најголем борец за здрав ЈАВЕН ЗДРАВСТВЕН СЕКТОР. ДОН КИХОТ конечно го напушта оклопот.
Време е во некоја од приватните болници да се отвори Одделение за детоксикација и клиничка токсикологија. Бројот на консументи на психоактивни супстанции секојдневно расте“, напиша тој на Фејсбук.