Во пресрет на Конгресот, во седиштето на СДСМ се одржа состанок на најтесното раководство на партијата – Извршниот одбор, на кој се разгледувале предлозите за членови на Централниот и Надзорниот одбор на партијата, пишува „360 степени“. Како што објави овој портал, пред почетокот на состанокот, Сања Лукаревска, за која има информации дека е фаворитот на лидерот Зоран Заев за заменик-претседател, одбегна да одговори на прашањето на „360 степени“ дали е наследничката на Радмила Шекеринска. На влегување во партиското седиште, само кратко ни рече дека очекува се да помине во најдобар ред на партискиот конгрес.
Сања Лукаревска е директорката на Управата за јавни приходи, а на последните парламентарни избори беше коносителка на изборната листа на СДСМ и коалицијата во Изборната единица број 2, со Оливер Спасовски.
Конгресот е закажан за 13 часот, а со него ќе раководи лидерот на СДСМ, Зоран Заев.