Според тоа што го објави ТВ21, во јавноста се погласни се шпекулациите дека поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски ќе се врати на политичката сцена.
Неофицијално во јавноста има гласини дека тој формира партија со незадоволни членови од СДСМ. Од СДСМ не потврдуваат ниту негираат такво нешто. Велат дека секој може да формира партија во едно демократско општество.
Се појавија е некои независни листи во неколку општини. Актуелниот лидер на СДСМ, Зоран Заев на прашањето дали има договор внатре во партијата,одговори одмерено.