Англиските тимови веројатно ќе се соочат со големи проблеми. Откао навивачите го кренаа гласот против нивното учество во Суперлигата, сега се креваат и фудбалерите. Дејли Мејл пишува дека Џордан Хендерсон, капитен на Ливерпул, свикал итен состанок со капинетите на останатите пет англиски тимови кои потпишале дека ќе бидат дел од новата Суперлига.
За потсетување, тоа се тимовите Челзи, Тотенхем, Арсенал, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Ливерпул.