Брокулата е еден од најздравите зеленчуци бидејќи содржи многу антиоксиданти, штити од рак, има многу витамин Ц, го зајакнува имунитетот, добра е за крвниот притисок … Но, тоа не значи дека можете да го подготвите на кој било начин.

Со погрешен метод на подготовка, можеме лесно да ги уништиме сите корисни својства на брокулата, откриле научниците во истражувањето на Универзитетот во Илиноис.

Готвењето во врела вода или на висока температура во микробранова печка ги уништува сите добри својства, па затоа научниците препорачуваат да готвите брокула исклучиво на пареа, четири до пет минути.

Според Дејли Меил, зеленчукот е приготвен кога ќе почне малку да ја менува бојата, но не смеете да дозволите да се омекне целосно за да се задржат витамини и минерали.

Една студија објавена во „Journal of Agricultural and Food Chemistry“, исто така, покажа дека би било добро да се јаде сирова брокула затоа што оние што ја јаделе на тој начин подобро го апсорбирале сулфорафанот во нивните тела, што природно го содржи брокулата, многу подобро од оние што ја јаделе варена.