Васил Јованов на денешното прво рочиште призна вина за сообраќајната несреќа во која загина, Фросина Кулакова.
Тој одговарајќи на прашање на судијката, Снежана Марковска, дали го разбира делото и дали се чувствува виновен, изрази сочувство до семејството на Кулакова.
„Никогаш не сум мислел дека ќе се случи вакво нешто. Да, виновен сум!“, рече Јованов.
Во завршните зборови тој рече и дека има голема грижа на совест.
„Ова ќе ме прогонува до крајот на мојот живот“, рече обвинетиот.
Адвокатот на Јованов, Сашко Дуковски, во одбрана на својот клиент ги наведе неговите студии, успесите и наградите во боксот. Побара да биде изведена и снимка која покажува дека младиот Јованов веднаш по настанот покажал огромно каење.
Несреќата се случи на 29 јануари, кога Јованов, без возачка дозвола, под дејство на алкохол и на црвено светло на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, на пешачки премин, удри во Фросина Кулакова која почина на лице место.
Текстот „Да, виновен сум“ – Васил Јованов призна вина за сообраќајната несреќа во која загина Фросина е превземен од МАКФАКС.