Групата за процена на Владата предлага да се донесе одлука за постоење кризна состојба на јужната и северната граница на државата заради заштита на јавното здравје од илегална миграција.
Ова е заклучокот од денешната седница на Групата одржана преку видеоконференциска врска.
На седницата, раководителот на Групата за процена, Стојанче Ангелов, отвори дискусија за проценување на состојбата и утврдување на потребата за продолжување на кризната состојба на дел од територијата на државата.
-Групата за процена му предлага на Управувачкиот комитет за координација во Системот за управување со кризи, Владата на Република Северна Македонија да донесе одлука за постоење на кризна состојба на дел од територија на Република Северна Македонија и тоа на подрачјата на јужната и северната граница на Република Северна Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот „SARS-CoV-2“ и спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението, наведува ЦУК.