Се слушаме речиси секојдневно, наскоро го очекуваме Иван во посета кај нас. Вака ни раскажа 19 годишниот Влатко Динев, син на Емилија Динева, првата дарителка на срце во државата за нивната врска со семејството на Иван Огненовски, човекот кому му беше пресадено нејзиното срце, објавува телевизија „Телма“.
Изминатите единаесет месеци двете семејства се зближија. Големата загуба, а потоа неописливиот чин на хуманост и надеж, создадоа силна врска помеѓу двете семејства.
Одлуката да се даруват органите на Емилија за Диневи била многу тешка, иако знаеле дека е правилна. Влатко вели дека надежта дел од неа да остане да живее била пресудна да се согласат.
Влатко е се уште средношколец, но работи и во општината со договор на дело. Тешката финансиска ситуација по несреќата во која се нашле Диневи, ги принудило и синот да бара работа. Општината понудила момчето да го ангажира, а ги контактирале и од министерството за здравство.
Во близина на домот на Емилија, се подготвува терен за изградба на парк со игралиште. Покренувач на идејата е градоначалникот Анго Ангов, кој им е сосед. Целиот зафат ќе го финансираат соседите, со сопствени средства и донации.
Општина Дојран вели дека се планира и поставување на спомен плоча во чест на Емилија Динева во паркот, но и една во централниот дел на Стар Дојран.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.