Управата за извршување на санкции на извршила вонреден наздор во казнено-поправниот дом „Идризово“, по поплаки од двајца командири, кои се пожалиле од двајца затворски полицајци дека им се заканувале, а кои полицајци пак, пријавиле дека му дале мито на едниот затвореник, а тој ветувањето не го реализирал, пренесува СДК.мк
Затворениците Тони Денковски и Јанко Јаневски тврделе дека од затворските полицајци се под закани по живот, рекет и уцени. Двете службени лица признале дека платиле мито од 4.000 евра за да бидат преместени на работа во МВР, но не дека се заканувале поради неисполнување на ветеното.
Службените лица од Управата разговарале и со осуденото лице Јанко Јаневски кој тврдел дека никогаш не зел пари од припадници на затворската полиција, туку напротив, дека лично тој му давал пари на Киро Димов, припадник на затворската полиција. Осудениот Јаневски парите ги добивал од спортско обложување кое се организирало во установата и на неколку наврати му позајмувал пари на Димов. Потоа почнал да му се заканува преку осудени лица за враќање на долгот во рок од 24 часа.
За наводите дека припадникот на затворската полиција земал пари од Јаневски, потврдиле и две други осудени лица.
Целата вест на СДК.мк