„Односите со Албанците ми се неверојатно добри. Имам многу пријатели меѓу нив, имам структури во трите држави во кои има припадници на албанската заедница, во Република Северна Македонија, Косово и во Албанија. Освен што работиме многу успешно во сферата на научно истражувачката и развојната дејност во клиничката медицина, многу од младите луѓе со албанско потекло учествуваат во иницијативи на фондација „Бугарска памет“, изјави во интервју за порталот News33, д-р Милен Врабевски, прв човек на фондацијата „Бугарска памет“.
Познатиот филантроп додава дека секоја година има награден фонд, кој вклучува и албански деца. Исто така фондацијата на Врабевски обезбедува и социјална помош за деца кои се нерамноправна положба.
Д-р Врабевски се грижи и за образованието на голем број деца, кои се обучуваат во сферите на кибернетиката, роботиката, програмирањето, програмирањето, претприемаштвото, финансиската писменост и изучувањето на странски јазици.
Преку посетите во Бугарија, вели уште Врабевски децата се запознаваат со добрите примери во производството на сателити и болиди од страна на бугарски компании.
„Даваме добри примери за Бугарија, како произведуваме сателити, болиди. Како имаме едно образование кое не е лошо и кое те прави веднаш оспособени и со диплома за цела Европа, која е дел од најразвиениот дел на Светот. Исто така ги покажувам можностите за нивен развој во кариерата, со желба и веќе докажаната способност да помагам и да создавам услови младите луѓе да станат идни успешни специјалисти“, вели д-р Врабевски.