Д-р Милен Врабевски е бугарски бизнисмен, голем филантроп и мецена. Тој е основач и прв човек на Фондацијата „Бугарска меморија“. Иницијатор и финансиер е на огромен број добротворни иницијативи во Бугарија, РС Македонија, Украина, Молдавија, Албанија и Србија.
Дали навистина сте главниот финансиер на бугарските културни центри во Македонија?
Д-р Врабевски: Да, навистина. Моите иницијативи се строго синхронизирани со, а понекогаш и се направени по барање на бугарската држава. Дозволете ми да направам едно појаснување: им помагам на многу луѓе во PCM. Имам дури и своја програма за социјална помош за деца од ранливите категории во вашата земја. Вложувам и во здруженијата за пријателство меѓу Бугарија-Македонија.
Се разбира, тоа не е главниот приоритет на мојата фондација „Бугарска меморија“. Истата ја создадов за официјално да помага во 5 главни насоки: образовни иницијативи, борба против демографската криза во Бугарија, европската интеграција на бугарската историска дијаспора, поддршката на кариерениот развој и реализацијата на младите луѓе и обновување на културно-историското наследство со цел попатриотско образованието на младата генерација. Секако, неделив дел од нашите функции е заштитата на нашите национални интереси и приоритети.
Како го коментирате фактот, што вашето име се споменува во „негативна конотација“, барем од македонската опозиција?
Д-р Врабевски: Не го разбирам, не ме чуди, но и не ме засега. Луѓето како мене се препознаваат по делата. Постојано докажувам дека јас и мојот тим работиме за прекугранична соработка меѓу двете земји, (за што сум и лауреат на Граѓанската награда на Европскиот парламент: Европски граѓанин на годината, 2013; ова е највисоката награда на Европскиот парламент а како што се гледа во текот на годините, не од вчера, се докажав на ова поле). Целта е добрососедство, пријателство и градење економски мостови. Прашајте ги незадоволните зошто не протестираа кога поправав крило во Струмичката болница, кога ви помогнав во кризата со Ковид со заштитна опрема и вакцини, (а вие немавте ниту една одобрена од ЕМА), кога правев компјутерски соби во вашите училишта или давав помош на болни деца или на деца од ранливите категории…
Според нивната логика, веројатно е погрешно и тоа што ја одбележиме 1008-та годишнина од смртта на царот Самуил?
Целото интервју прочитајте го овде.