Ембрионите кои не се пренесени во матката и доколку се со задоволувачки квалитети можат да се замрзнат, односно да се витрифицираат и да бидат пренесени, трансферирани во некој иден циклус. Квалитетот после одмрзнувањето е со ист квалитет како пред замрзнувањето.
Самиот термин „ин витро“ во буквална смисла на зборот значи „во стакло“, односно оплодување и создавање на ембрион во стаклен сад. Тоа е најпопуларен метод на потпомогнато биолошко оплодување и им носи надеж на илјадници парови, кои без оваа постапка никогаш не би можеле да имаат потомство. Оплодувањето се спроведува така што јајце-клетките се вадат од јајниците и се оплодуваат во лабораториски сад и оплодени, односно како ембриони, се враќаат директно во матката. Вонтелесното оплодување најчесто се користи кај жени со непроодни јајцеводи, после неколку обиди со други методи како интраутерина инсеминација, кај лош наод во спермограмот на машкиот партнер или кај парови со идиопатско, односно непознато потекло на неплодност, ни објаснува д-р Татјана Гуржанова, специјалист акушер, гинеколог и ИВФ специјалист, основачка на центарот за плодност „Њуборн клиник“.
Како изгледа оваа постапка?
– Ова е посложена процедура од интраутерината инсеминација и може да се разликува во некои детали од клиника до клиника, но главно вклучува неколку основни етапи – етапа на поттикнување на суперевулација на јајниците, етапа на фоликулометрија – следење на растот на фоликулот со тоа и созревање на јајце-клетките во јајниците со помош на вагинален ултразвук, етапа на аспирација на јајце-клетките од фоликулите, етапа на добивање сперма, етапа на оплодување на јајце-клетките, етапа за подготовка на бременост и ембриотрансфер.
Што значи ембриотрансфер?
– Од два до пет дена по оплодувањето, ембрионите се враќаат во матката на претходно добро подготвен ендометриум. Во нашата држава се враќаат најмногу два или во посебни услови и со согласност на парот три ембриони. Многу е важно да се направи разлика кога и во колкав број ќе се вратат, затоа што враќањето на поголем број ембриони ја зголемува шансата за успех, но во исто време го зголемува и ризикот на повеќеплодна бременост, која има ризик од предвремено породување на незрели деца.
Самиот процес на ембриотрансфер се врши под контрола на ултразвук со абдоминална сонда, се аплицира спекулум во вагината, и со помош на многу тенок еластичен катетер се става ембрионот на спојот на втората третина со третата третина од кавумот на матката. Во нашата клиника непосредно пред да ги вратиме ембрионите, биологот ембриолог прави „ласер асистед хечинг“ („laser assisted hatching“), односно правење на мал отвор со помош на ласер на чаурата околу ембрионот и со тоа му олеснува на ембрионот побрзо да се залепи за ѕидот на матката и да се имплантира.
Ембрионите кои не се пренесени во матката и доколку се со задоволувачки квалитети, можат да се замрзнат, поточно да се витрифицираат и да бидат пренесени, трансферирани во некој иден циклус. Квалитетот по одмрзнувањето е со ист квалитет како пред замрзнувањето.
Треба ли да се мирува по трансферот на ембриони?
– По трансферот на ембриони се препорачува да се лежи во клиниката 50 до 60 минути, потоа во домашни услови мирување, но не исклучиво лежење во наредните осум дена, кога се смета дека е завршена имплантацијата, и се продолжува со прогестеронската терапија и со додатната терапија што е препишана веднаш по аспирацијата на јајце-клетките. По 14 дена од трансферот, се испитува од крв ниво на БХЦГ (хормон на бременост), и доколку е позитивен тестот се продолжува со целата терапија што е препишана од страна на докторот сѐ до првиот ултразвучен преглед, кога се гледа до каде е бременоста и дали има позитивна срцева акција. Доколку тестот за бременост е негативен, се прекинува со целата терапија и пациентката се подготвува за наредна процедура, најдобра за неа.
Колку во проценти ин витро оплодувањето е успешно?
– Иако ин витро оплодувањето не е 100% успешно, сепак овој метод има процент на успешност како и природното забременување, дури и повисок. Но веројатноста дека ќе дојде до породување на здраво дете е пониска од природното забременување, односно на светско ниво 26%, наспроти природното, кое е со 30%. За споредба кај партнери кои немаат проблеми со неплодноста, 15% од сите јајце-клетки нема да се оплодат, 15% од сите оплодени јајце-клетки нема да се имплантираат, од 70% имплантирани ќе завршат како биохемиска бременост која нема ни да се регистрира, а 40% од вкупните бремености што се регистрирале можат да завршат со спонтан абортус, најчесто во многу раните денови, сумарно околу 30% од сите имплантирани ембриони ќе завршат со породување. Плодноста на жената се намалува со годините, колку е пациентката постара, толку помалку јајце-клетки ќе добиеме во текот на ин витро постапката и со послаб квалитет.
„Њуборн клиник“ – Центар за плодност, булевар „Илинден“ 107, 1000 Скопје, телефон : +389 (0)2 2734 350
(комерцијален текст)