По новиот скок на бројките на пациенти од ковид-19, во Македонија официјалниот број на активни случаи изнесува 4.535, но се претпоставува дека бројката на заразени и е неколкупати повисока. Ковидот повторно беснее и во Грција и во Србија, но повеќето заразени поминуваат со поблаги симптоми.

Ситуацијата е таква што мнозинството од заразените со Ковид-19 немаат никакви симптоми. Кога ќе се појават првите знаци на вирусот, тие обично се благи и често тестот не ги открива, односно е негативен, а пациентот е всушност позитивен на Ковид. Младите се инфицираат на исто колку и постарите, но нивната клиничка слика е обично поблага од грипот и изгледа како обична настинка, иако не е. Има малку покачена температура, болно грло кое трае ден-два. Сепак, важно да се тестираме, и за себе и за другите, рече д-р Александар Стојановиќ, директор на Здравствениот дом „Палилула“ од Белград во утринската програма „Редакција“.

Тој додава дека забележан е нов симптом кај овој сој на коронавирусот, на кој досега никој не се пожалил.

Еден од симптомите е болка во ‘рбетот, речиси секој втор, трет пациент над 40 години нема други потешкотии, туку само болка во грбот. Со овие симптоми се среќаваме за првпат. Овој вид е специфичен. Имаш болки во кичмата, немаш температура, правиш тест и си позитивен. Имаме заразени и бебиња од еден месец, месец и пол. Тинејџерите го поминуваат на нозе. Симптомите ќе бидат поблаги. Но, возрасните уште се најранливи, изјави д-р Стојановиќ.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.