Д-р Срѓан Лукиќ, српски пулмолог, објасни како да препознаеме кога ни опаѓа кислородот во крвта и кои се симптомите кога kopoна вирусот ги нападнал белите дробови. Тој вели да се препознаат знаците и да не се дига паника.
Д-р Срѓан Лукиќ, српски пулмолог кој работи во Словенија, на социјалните мрежи објави пост за тоа како да се препознае воспаление на бели дробови од koвид, како да се препознае пад на кислородот во крвта и како се развива koвид 19:
Значи, кога ќе се јави кај некое лице koвид-воспаление на бели дробови, треба да се знае дека ништо не можел да направи за да го спречи истото. Зошто кај некои доаѓа до воспаление, а кај други не, тоа сè уште не ни е познато и не можеме однапред да предвидиме. Секој кој ќе се зарази со овој вирус влегува во своевидна “лотарија” – пневмонија или не.Повеќето луѓе кои ќе се заразат ќе поминат без воспаление. Исто така, повеќето кои ќе заработат воспаление на бели дробови ќе поминат без компликации.
И исто како што не можеме да знаеме кај кого ќе се развие воспаление, а кај кој не, така не можеме да претпоставиме ниту дали ќе дојде до компликации доколку дојде до воспаление на белите дробови”, напиша меѓу другото овој доктор.
Д-р Лукиќ потоа објасни што се случува при восплението на белите дробови кога пациентот е инфициран со koвид 19.
Е сега, што се случува кај воспаление на бели дробови – доаѓа до зафаќање на белодробното ткиво и тоа не само со вирусот, туку и од клетките на нашиот имунолошки систем.
Белите дробови се орган кој може енормно да ја зголеми својата “работа”, ако за тоа постои потреба. Така е и кај воспалените дробови. Голем број луѓе живеат со децении само со едно белодробно крило.
Кај воспление на бели дробови, доколку е зафатено на пример помалку од 50%, остатокот кој е здрав ќе ја преземе функцијата и често заболените нема ни да забелеажт дека нешто не е во ред.Тоа се случува кај асимптоматските пациенти. Доколку прогресијата на болеста се стопира на ова ниво, или дури на ниво каде пациентот има поблага симптоматологија (на пр. Побрзо се замара при физички напор), тоа апсолутно не е работа за загрижување.
Проблем настанува во оној момент која здравиот дел од белите дробови не може да ја компензира целокупната “работа”. Во тој момент е потребно да им се помогне на белите дробови, а првата мерка е надокнадување на кислород. Ова пациентот може да го изведе и во домашни услови.
Доколку белите дробови не можат да достават доволно кислород во крвта, тогаш рапидно доаѓа до влошување на општата состојба кај некој кој нема хронични болести, објасни д-р Лукиќ.
За пациенти кои имаат хронични болести, дефицитот на кислород во крвта многу веројатно, покрај дополнителното влошување од koвид, доаѓа и до влошување на тие хронични болести, што на уште едно ниво ја комплицира состојбата и води кон несакан исход.
Е сега најважното – како да се препознае дека функцијата на белите дробови станала неадекватна? Најдобро би било ако можете да набавите пулсен оксиметар, кој мери сатурација на кислород на периферијата.
Иако апаратите често се несигурни (на пример, не функционираат на ладни прсти) сепак може да помогнат. Резултатите кои оксиметрите ги покажуваат често многу осцилираат, па еднаш ќе покажат 97%, другпат 94% и тоа не треба да загрижува.
Загрижувачки е доколку постојано покажува под 94% со услов, во претходните неколку денови или ден претходно, да бил преку 95-96%, бидејќи некој поради хронична болест постојано има 90%.
Ако немате оксиметар, на следниот начин ќе препознаете дека имате пад на кислородот во крвта: главоболка, бледо-сина обоеност на кожата и слузокожата, особено на прстите и усните.
Забрзано дишење, забрзано чукање на срцето, пад на артерискиот притисок, анксиозност, вознемиреност, конфузија, губиток на сила и при најмал напор.
Секако, не треба да се дига паника ако се јави некој од овие симптоми, бидејќи тие се неспецифични и често можат да бидат последица од страв – психосоматика.
Но, доколку се јават повеќе од нив заедно, тоа тогаш е сигнал дека белите дробови попуштаат и дека на организмот му е потребен додаток од кислород.
Кај повеќето koвид пациенти со воспаление на белите дробови, болеста ќе помине без компликации. Она што е важно е дека по завршеното лекување уште минимум 15 дена да поминете во мирување и лесни физички активности, и задолжително да се јавите на закажаната контрола, како што ви договорил лекарот.
Koвид е болест која е единствена по многу работи, па и по периодот на опоравување, за што и натаму не знаеме многу, но знаеме дека може да се јави пролонгирана симптоматологија на болеста која трае со недели, дури иако вирусот одамна го нема во организмот. И затоа, сериозно сфатете го тој опоравок.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.