Педијатарот д-р Аспазија Софијанова смета дека еден од најсовремените отипови на вакцини за имунизација на популацијата од 12 до 16 години е онаа на компанијата Фајзер која дава најдобар имунолошки одговор, а станува збор за генетски модифицирана варијација на вирусот.
„Квалитетот на вакцината Фајзер ќе биде доволно добра, создава селективен имунитет, конкретно кон Сарс Ков 2 и затоа е повеќе препорачана кај децата“, изјави директорката на Клиниката за детски болести во вестите на Алфа ТВ, откако во САД и Канада веќе започна имунизацијата на оваа старосна категорија.
Софијанова додава дека најважно е да не дојде до создавање на одредени мутации, кои понатаму би можеле да предизвикаат непријатни ситуации кои педијатрите не би сакале да се повторат.
„Децата да не бидат изземени бидејќи тие како носители како одредена варијација, можат повторно да направат одредена мутација, која не верувам дека само лесно ќе не погоди“, тврди Софијанова.
Таа вели дека уште сега интересот кај родителите е голем и дека тие постојано се распрашуваат за можноста на вакцинирање на децата на оваа возраст.
„Морам да ви кажам дека во последниот период сум зачудена колку ме прашуиваат и сакат да знаат родителите за најдоброто за нивните деца. Не смееме да ја игнорираме и таа адолесцентна категорија“, изјави Софијанова.
Анализата за тоа дали ќе се имунизираат децата ќе се прави следните месеци, најави веќе министерот за здравство Венко Филипче. Целта, според министерот, е да се изработат протоколи со кои ќе се овозможи децата да се вратат на физичка настава во училиштата од 1 септември. Министерот најавува дека може да се проектираат доволни количества вакцини на Фајзер/Бионтек доколку се донесе одлука да се вакцинираат и помладите генерации. Таквата вакцинација нема да биде обврзувачка.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.