Градоначалникот на општина Штип, д-р Сашко Николов изјави дека нема ништо против во штипските училишта факултативно да се изучува бугарски јазик. Изјавата градоначалникот ја даде по средбата со амбасадорот на Република Бугарија Ангел Ангелов, кој што донираше храна за 30 социјално загрозени семејства од градот под Исарот.
„Во духот на добрососедството, во духот на подобрата комуникација дури и дадов предлог на амбасадорот дека немам ништо против во нашите училишта факултативно да се изучува бугарскиот јазик, бидејќи секој јазик кој што е познат и присутен претставува основна комуникација помеѓу народите и да не речам дека тоа е мост на зближување на два народа. Така да во духот на добрососедството ја продолжуваме оваа соработка со нашите пријатели од Бугарија со кои што заедно ќе работиме на подобрување на сите состојби во нашата општина“, изјави градоначалникот на Штип, д-р Сашко Николов.