Сè додека нема вакцини за да се стекнеме со колективен имунитет, ќе мораме да работиме на јакнење на личниот имунитет за да се заштитиме себеси и своите најблиски.
Во време кога најактуелни се вирусните инфекции, кога живееме стресно секојдневие, а вакцинирањето против ковид-19 сè уште не ни е масовно достапно, мораме сериозно да размислуваме на јакнење на сопствениот имунитет. За тоа како да се сочуваме себеси и блиските во овие времиња на „новото нормално“, разговараме со примариус д-р Нина Рајчиќ, специјалист по општа медицина со над 30 години работен стаж.
Човечкиот имунолошки систем е една мрежа која нè брани од сите вируси, како да го зајакнеме?
– Точно, тоа е мрежа од имунолошки клетки, органи и нивни продукти и сите заедно се борат да одржат една постојана рамнотежа во организмот, односно, хомеостаза, и затоа имунолошкиот систем се смета за еден од најпотребните, најактивните системи во нашиот организам. Постои вроден и стекнат имунолошки систем. Вродениот го добиваме од мајката, а стекнатиот е оној што го добиваме преку ситни инфекции, таканаречени микроинфекции, и со вакцинација.
Имунолошката терапија е нов третман во лекување, кој ја следи официјалната терапија. Тоа значи дека ние применуваме препарати што имаат улога да ја вратат рамнотежата на нашиот имунолошки систем во функција, за тој да може да препознае што е наше, а што не е наше, за да може да помогне во борба со вирусите. Сонот на медицината е имунолошкиот систем да биде секогаш буден, но за жал, постои ензимски систем – тоа се нашите внатрешни ензими – кои многу добро се бранат од непријателот кој доаѓа однадвор, и она што се случува во нас, но тој систем е потрошлив.
Затоа некогаш чувствуваме дека „ни паднал“ имунитетот?
– Да, затоа што имунолошкиот систем, покрај својата рамнотежа, може да биде со намалена функција кога се појавуваат инфекции, вируси. Интересно е што денес е толку зголемен процентот на сите болести, па и покрај тоа што користиме конкретни терапии, постои страв како ќе се избориме против сè ова. Денес користиме изобилство на препарати, во понудата ќе најдете сешто, но треба да се определиме за препарати кои истовремено имаат можност да направат добра рамнотежа, да го врзат кислородот, да го спречат создавањето на слободни радикали, да помогнат сите клетки да имаат добра продукција и да се упатат на места каде што е потребно. Веќе напоменав дека сонот на медицината е секогаш имунолошкиот систем да се држи буден, но тоа е речиси невозможно. Имаме лоши животни навики, неправилно се храниме, не спиеме доволно, би требало повеќе да се движиме, да пиеме повеќе вода, да не пушиме, да не пиеме алкохол…, и сè тоа на некој начин можеме да го искорегираме, освен стресот. Според најновите истражувања, стресот преминува над 150 отсто како причина за настанување на болести. Затоа нашиот организам мора да мисли на превенција веќе по 20-та година, кога полека почнува да опаѓа функцијата на имунолошкиот систем.
Како делува имунолошката терапија?
– Имунолошката терапија делува на ниво на клетките. Таа е наменета да го поттикнува имунолошкиот систем за тој да ја препознае промената во нашиот организам и да се бори. Со примена на додаток во исхраната делуваме на имунолошкиот систем, на делењето на клетките, ја намалуваме киселоста во организмот, добиваме енергија, го обновуваме организмот…GE 132 + Natural е токму таков препарат кој е наменет за превенција, но и при терапија, и кој без контраиндикации за одреден период дава значајни резултати и подобрувања. Затоа советувам во превенција на вирусни заболувања, особено кон вакви масовни заболувања, но и кај потешки вирусни инфекции, да користиме GE 132 + Natural, кој ја враќа рамнотежата и стабилноста на имунолошкиот систем.
(комерцијален текст)