„Јас сум приврзаник на ставот дека вакцинацијата е поврзана со несакани ефект, исто колку и сите други вакцини, исто колку и различни лекови што се во употреба. Сепак вакцината има огромни шанси да не спаси од теша болест или смрт“, вели докторот Александар Петличковски за емисијата „Студио 10“.
Читаме деновиве дека канцеларката Ангела Меркел ќе се вакцинира со АстраЗенека. Па зарем таа би се имунизирала со оваа вакцина, ако таа имаше некој проблем. Во Јужна Кореја, на пример никогаш не запрела вакцинацијата со оваа вакцина. Ние немаме луксуз да кажеме дека ќе ја прекинеме вакцинацијата со препаратот од оваа компанија. Таа сосема е солидна и решава смртни исходи, појаснува докторот од Институтот за имунобиологија.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.