Првиот човек на Институтот за имунобиологија и хумана генетика, д-р Александар Петличовски во гостувањето на телевизија Сител рече дека само комбинирање на мерките, односно рестрикции и масовна имунизација може да даде добар резултат во борбата против Ковид-19.
Во однос на имунизацијата со „АстраЗенека“ рече дека не е логично таа да е помалку безбедна за лицата кои се на возраст под 60 години.
„Мислам дека се ова некои статистички исечоци кои покажуваат некакво почесто случување на тие несакани ефекти. Но, реално кога сѐ ќе се сумира мислам дека повторно прашината ќе спласне и „АстраЗенека“ ќе си се врати во редот на безбедни вакцини“, рече Петличковски,