Д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести вечерва во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител информираше дека има починати од корона кои биле вакцинирани и со три дози.
Според него, постојат неколку причини зошто имаме висок број на починати од почетокот на пандемијата, а тоа е полошо здравје, недоволна имунизација, недостаток на медицински лица…
„Сакам да упатам апел лекарите да не даваат антибиотици на заболените во првите четири дена со инфекцијата, рече Петличковски, додавајќи дека клиничар доктор треба да процени кога и дали има потреба од тестирање и проверка на крвна слика.
„Се тестира и кога треба и кога не треба. Треба да се направат индикации кога треба да се анализираат д-димери“, додаде Петличковски.