Доктор Александар Петличковски, од Институтот за имунологија ќе биде нов претседател на Комисијата за заразни болести. Портпарол на Комисијата ќе биде д-р Злате Мехмедовиќ, објави „Слободен печат“. И двајцата претходно не беа членови на Комисијата, која сега ќе има нов состав откако и Министерството за здравство доби нов министер.
Досегашен претседател на Комисијата беше доктор Жарко Караџовски, директор на Институтот за јавно здравје. Се` уште не е познато од кои причини тој е сменет од позицијата и дали воопшто останува во Комисијата каде што членуваше повеќе децении.