Се работи за исклучително безбедни вакцини, сите имаме блиски што викендов беа во Белград или Ниш, мислам дека во светот постои тенденција за зголемување на довербата за вакцините. Стотици милиони луѓе примија вакцини, несакани ефекти нема, а смртноста е намалена за десетина пати,изјави Александар Петличковски, раководител на Институт за имунобиологија и хумана генетика за Студио 10 на ТВ24.

-Ако дневно сега има по триесетина починати, реално кај нас ќе спаднеме на тројца, што е нормално функционирање на здравство. На почеток клиничките студии потврдија дека од 18 до 65 години „АстраЗенека“ е безбедна, не беа сигурни дали истата ефикаснот ќе е надвор од рамката. Тоа не значи дека луѓе над 65 години, за нив вакцината не е безбедна. Јас сум убеден дека вакцината решава многу сериозни проблеми со минимални или никакви контраефекти, кажа Петличковски.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.