За да се развијат антитела потребни сетри недели. Особено во овие три недели луѓето треба да се чуваат повеќе отколку што се чувале до сега.

Ова е една од препораките на микробиологот, д-р Никола Пановски, до македонските граѓани кои викендов се вакцинираа во Србија, но и до сите оние кои неодамна примиле вакцина против Ковид-19.

„Ако малаксаноста и главоболката, покачената температура, по приемот на вакцината траат подолго од два дена, треба да се помисли да не не се резултат од вакцината, туку може да станува збор за инфекција добиена пред или за време вакцинирањето во Србија“ – вели д-р Пановски за А1он.

За ефикасноста на вакцината „АстраЗенека“ која ја примија македонските граѓани во Србија, првите резултати стигнале пред 3 дена, со оглед македонските граѓани во Србија, првите резултати стигнале пред 3 дена, со оглед на тоа што втората доза се прима 8 до 12 недели по првата, па од тие причини потребно било време за да се извршат испитувања кај лицата што ја примиле првата доза во декември лани или во јануари годинава. Испитувањата биле направени 14 дена од приемот на втората доза.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.