Проблемот со стопирањето на вакцинацијата со вакцината на „АстраЗенека“ е смешен во однос на употребата на токсични дози антибиотици кај нас, смета микробиологот проф. д-р Никола Пановски, пренесува Слободен печат.
Според него сосема очекувани биле нападите за вакцината на оваа компанија оти е единствена што не работи со профит.
– Оваа вакцина чини 4,5 долари, тоа е десет – единаесет пати помалку од останатите што се нудат и кај нас. Компанијата работи без профит и вакви напади се логични. Зошто граѓаните не се загрижат за смртноста од вакцината на „Фајзер“ на пример? Зошто нема врева за оваа вакцина? Смртноста од „Фајзер“ е поголема од смртноста од „АстраЗенека“. Од „Фајзер“ има 1,5 смртен случај на 100 000, а од „АстраЗенека“ еден случај на 100 000, вели микробиологот Пановски.