Надлежните да признаат каде најмногу се шири коронавирусот, а не во интерес на економијата да се затскриваат зад напишани казни за неносење маски на улица, бидејќи на отворено и со држење на дистанца вирусот не се шири, изјави за Алфа микробиологот Никола Пановски.
Тој вели дека е неопходно да се стави клуч на врата кај угостителските објeкти и да се воспостави ред во јавниот превоз, бидејќи само така ќе се држи под контрола третиот бран на коронавирус во земјава.
„Сите мерки, додека работат кафeани, кафулиња, фитнес клубови, коцкарници и обложувалници се депласирани, без разлика дали од 22 до 5 часот. Казнување луѓе по улица бидејќи не носеле маски, нема никаква врска со ширењето на епидемијата. Се знае каде се шири епидемија. Рестораните, барем според мене, не треба да работат“, вели Пановски.