Пановски во „Утрински брифинг“ изјави дека нема да има голема штета од воведувањето на полицискиот час. Како што вели, тој вакво нешто предлагал уште во октомври минатата голема.
Според д-р Пановски, со оваа мерка најмногу ќе се ограничи движењето и групирањето на помладите во вечерните часови.
– Ќе се спречи шетањето на помладите, а посебно средношколците и студентите ќе бидат ставени под контрола. Се надевам и дека ќе има ефект и на образованието, учениците можеби ќе си легнуваат порано за да станат навреме да се приклучат на настава, изјави д-р Пановски.