Доктор Никола Пановски, професор на Медицински факултет, во гостувањето во Утрински брифинг изјави дека во случај да не се појави некој посериозен нов сој на Ковид од Омикрон, во нашата држава ќе се зарази 70 отсто од населението и тогаш коронавирусот ќе премине во ендемија.
-Ендемија значи, дека вирусот ќе биде како настинка, како грип, нема да прави големи проблеми и нема да се шири како пожар и ќе има помалку од 5 смртни случаи на ден, вели доктор Пановски.