Мутациите на ковид-19 не се ништо неочекувано, новите соеви се тука околу нас и само прашање на време е кога ќе се откријат и прошират, вели микробиологот Никола Пановски за весникот ВЕЧЕР.
Тој смета дека не смее да се излегува со предвремени и непроверени информации, но потсетува дека превентивните мерки не треба да се олабавуваат и им препорачува на граѓаните во затворени простории задолжително да носат маски.
Сè уште се прават студии и засега не е потврдено дали новите вируси даваат потешка клиничка слика, нема ниту цврсти докази дека веќе прележаните од ковид-19 немаат имунитет, дали се повторува, дали се јавува кај вакцинираните…Сето тоа, засега е само нагаѓање. Да се надеваме дека вакцината ќе штити и да продолжиме да ги почитуваме мерките и да користиме лична заштита, препорачува професорот Пановски.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.