Според епидемиологот, д-р Никола Пановски, организирањето на свадбите ќе биде една проверка колкав е нашиот колективен имунитет.
Треба да се внимава на хигиена на рацете, да не се користи ист прибор, посебно внимание треба при посета на тоалетите, во тие случаи треба да се носи маска. Се останато е на совеста на гостите, дали ќе се прегрнуваат, бакнуваат, итн. Се разбира дека и алкохолот ќе влијае на попуштање на дисциплината. Во секој случај ова ќе биде проверка колкав е нашиот колективен имунитет“, вели Пановски во изјава за „Локално“.
Инаку, владата вчера ги објави правилата по кои ќе треба да се организира една свадба. Според протоколот, на една маса ќе биде дозволено да седат по шест лица. Бројот на гости ќе се ограничи на 50% од капацитетот на објектот, но не повеќе од 100 лица. На влез задолжително ќе се мери температура.
Дозволена е жива музика но, само ако се прави свадба. Музичарите треба да бидат оддалечени најмалку 5 метри од најблиската маса и не смеат да се движат и пеат помеѓу гостите. Дозволено е играње на подиумот со безбеден простор од 4 метри квадратни по лице и со почитување на препорачаната дистанца.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.