Свадбените или други свечености што се организираат придонесоа да имаме зголемен број на позитивни пациенти во болница, изјави д-р Гзим Нуредени, координатор во Ковид центарот во Тетово, каде три капацитети се искористени за хоспитализирани пациенти.

Во инфективното одделение, во интерното одделени и во модуларната болница има 26 луѓе кои се на болничко лекување. Исто така Тетово покрај Скопје има и најголем број на новозаразени пациенти.

– Не знаеме дали е тој четврти бран или не, како и да е оди во тој правец, вчера имавме 64 амбулантски прегледи, тоа не сме го имале уште од есенскиот бран. Од тие прегледи очекуваме и нови хоспитализирани. Навистина е алармантно во споредба со лани овој период кога беше поблаго и подобро. Ако ме прашувате за новоинфицирани, тоа е резултат на зголемен број на тестирања, некои патуваат, некои се враќаат назад, тоа е еден фактор. Зголемување на хоспитализираните пациенти е поради мерките- како да заборавија граѓаните на пандемијата, не носат маски, нема дистанца, има групирање итн – изјави д-р Гзим Нуредени, координатор во Ковид центарот.

Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од болничко лекување пуштена е во употреба е и модуларната болница, а се оценува дека состојбата е алармантна.

Модуларната болница веќе има четири пациенти, тоа функциониора нормално. Ќе менаџираме според насоките што ќе ги дават лекарите од ковид центарот, инфектолозите, како ќе речат тие така ќе се направи. Според мислење нивно дали таму да одат пациенти кои се најитни, како со срцеви проблеми или поинаку. Има и во инфективно и во интерно одделение, алармантна е состојбата. Гледаме дека луѓето се олабавени, а за жал пациентите се стари лица кои надвор не излегле. На младите не им е гајле, ама жртва се старите дома. Тие што се жртва и седат дома изолирани и ќе бидат инфицирани. Сите што побргу да се вакцинираат, вакцинита помага, клиничката слика ќе биде полесна кај секого – вели Нуредини.

Од хоспитализираните 26 пациенти само еден не е на кислородна поддршка.

Што се однесува до вакцинален статус, четири од нив се вакцинирани само со една доза, еден пациент е комплетен вакциниран, тој е релативно добро. Пациентот е некаде на 67-годишна возраст. Што се однесува до возраста на пациентите имаме 31, 37 години, и другите се над 65 години. Сите овие пациенти се со прекумерна телесна тежина, имаат и други коморбидитети, со срцева слабост, бубрежни проблеми и некои се со респораторни хронични болести, рече Нуредини.

Меѓу хоспитализираните се и печалбари дојдени од Германија и Италија, се јавуваат и кластери како и изолирани случаи.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.