Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија одговара на прашањето што му го поставиле многумина прележани од Ковид-19: „Дали може по контакт со заболен, прележаните со формиран имунитет, да го пренесуваат вирусот?“.

Почитувани мои, создадениот имунитет Ве заштитува Вас при нов контакт со Сарс-Ков-2 вирусите Вашиот организам да се избори со вирусот, ама не претставува влезна рампа на Вашиот нос.

Со други зборови, ако влезете во соба преполна со вируси и престојувате таму подолго време, Вие со дишењето ќе внесете голема количина од вирусот во Вашиот нос и ако потоа веднаш излезете и се дружите со некој кој не прележал ќе може да го заразите.

ТОКМУ ЗАТОА и по прележувањето можете да бидете трансмитер, иако Вие нема да заболите.

Затоа, со цел да ја заштите Вашата околина се препорачува придржување кон мерките за социјална дистанца и по прележувањето на болеста, одговара тој.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.