Професор д-р Бранимир Несторовиќ оцени дека употребата на пробиотици пред вакцинацијата против коронавирусот може значително да го зајакне имунитетот.
Имено, познатиот детски плумолог за „Телеграф“ изјави дека пожелно е да се земаат пробиотици најмалку две недели пред вакцинацијата за да бидат ефективни и ефикасни.
Пробиотиците се стимулатори на имунитетот, и тоа се покажа за многу вакцини, но тие мора да се земаат најмалку две или три недели пред тоа, со цел да се зајакне имунолошкиот одговор, рече професорот.
Тој исто така изјави дека е потребно да ги земате неколку недели пред да ја примите вакцината, а не само еден или два дена пред тоа, како и да продолжите да го употребувате две недели по вакцинирањето.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.