„Односите меѓу двете држави не би требало да влијаат врз бизнисот. Јас, специјално немам никакви проблемиМислам дека човечкото во нас е зачувано и на прво местро треба да сме рационални и да имаме готовност во секој еден момент да продолжиме да докажуваме дека евроинтеграцијата не е клише од Брисел“, изјави во видео-интервју за порталот News33 познатиот филантроп од Бугарија и прв човек на фондацијата „Бугарска памет“ д-р Милен Врабевски.
Врабевски додава во интервјуто дека за жал слушнал за случаи кога затегнатите односи имале негативно влијание врз бизнес контактите меѓу двете земји. Според него тоа е апсолутно неприфатливо посебно за земја која има намера да тргне по европскиот пат.
„Какви се во моментот двостраните односи, се разбира, не би требало да има влијание врз професионалците. За жал имам слушнато за примери за спротивното и природно како човек, убеден европеец, сметам дека тоталитарните практики во која и да е држава, особено која има намера да тргне по вистинскиот по европскиот пат , се апсолутно неприфатливи“, вели Врабевски.