Познатиот бугарски филантроп д-р Милен Врабевски преку социјалната мрежа facebook соопшти дека веќе ги поднел потребните документи за создавање на центар за вакцинација во склоп на неговата компанија „Comak Medical“ наменет и за граѓаните на РС Македонија, кои сакаат да се вакцинираат.
„Доставив документи за формирање центар за вакцинација во склоп на мојата компанија „Комак Медикал“, само за да им овозможам пристап до вакцинација на нашите браќа и сестри од РС Македонија (секако за оние што сакаат).
Од утре во 14:00 часот мојот тим ќе биде подготвен да го започне процесот на вакцинација со производите на Pfizer и Moderna.
Ќе можеме да издаваме сертификати само на луѓе кои имаат бугарски матични броеви и бугарски документи, но нема да вратиме никој што сака да се вакцинира!
За регистрација и организирани посети, ве молиме користете ги контактите на канцелариите на „Комак Медикал“ во Софија и Скопје, како и контактите на Фондацијата „Бугарска памет“
Вакцинацијата ќе се изврши во клиничкиот центар на „Комак Медикал“ во дворот на Александровска болница – Софија“, напиша д-р Милен Врабевски.