Со брат ми се видов само два пати преку прозорец цела година, а со ќерка ми бев само 5 минути кога се врати од Америка, вели невропсихијатарот Методи Чепреганов во вестите на Телма.
Тој вели дека доживувањето на корона-кризата може да предизвика стрес што може да биде акутен и пролонгиран, кој е многу попасен и може да трае и три години
Секој стрес штом ќе влезе прави пореметување на хормоните и неуромедијаторите кои го прават животот, тврди експертот.
Чепреганов вели дека како последица на епидемијата луѓето стануваат се потензични и склони кон поголема деструкција.
Психосоматски болести и оттуѓувањето е најзастапената последица на опкружувањето кое го предизвикува Ковид-19 и препорачува слободното време правилно да се користи и да се избегнува стресот.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.