„Овие мерки се неуспешни и ако сакаме да имаме ефикасни резултати, потребен е локдаун кој ќе се спроведе во период од 5 до 7 недели“, изјави во емисијата „24 анализа“ д-р Злате Мехмедовиќ кој работи во ковид центар.
Според Мехмедовиќ локдаунот ќе даде ефикасен систем, во кој што ќе се намалат бројките на новозаразени, а дури потоа ќе може да се размислува за релаксирање.