Како да го „натерате“ телото преку активација на метаболизмот на мастите, да се храни со сопствените масни резерви? ни објаснува д-р Валентина Крстеска дека тоа е, и тоа како возможно.
Поимот липосукциска исхрана подразбира протокол за слабеење и правилна исхрана за одржување на телесната тежина. Протоколот за слабеење вклучува и додатоци во исхраната, кои придонесуваат за контрола на телесната тежина и го намалуваат чувството на глад. Диетотерапискиот третман за слабеење функционира на принципот на метаболичко претворање на мастите во енергија. Односно, им овозможува на лицата кои имаат проблеми со прекумерна акумулација на масно ткиво, да го „натераат“ телото, преку активација на метаболизмот на мастите, да се храни со сопствените масни резерви.
Како изгледа дневната исхрана на личноста која преминува на липосукциска исхрана?
– Во првата фаза од 14 дена протеините и аминокиселините се користат во комбинација со еден оброк од месо или риба со зеленчук. Протеините се раствораат во вода и се пијат на растојание од четири часа, трипати во текот на денот. Тие имаат млечен вкус, слатки се по вкус, со што се дестимулираат центрите во мозокот, кои ја будат желбата за слатко. Аминокиселините се во капсули и со секоја ќесичка се земаат по две капсули. Централен оброк е вечерата во термин од 18 до 20 часот. Во другата фаза која трае, исто така, 14 дена, се вклучува дополнително млеко и млечни производи, јајца, овошје, јаткасти плодови. Клучот е во тоа внесот на јагленихидрати и протеини да се ограничи, додека енергетскиот дефицит да се компензира со оптимална количина на заситени масти од животинско потекло – објаснува доктор Крстеска, консултант и раководител на Центарот за липосукциска исхрана во Скопје.
Кој може да биде подложен на третманот на липосукциска исхрана?
– Пред сѐ, овој третман е наменет за лицата кои донеле цврста одлука и кои се сериозни во намерата да бидат задоволни со својот изглед и здравје. Третманот е наменет за лица со прекумерена телесна тежина, на возраст од над 18 години. Подеднакво можат да го користат и мажи и жени, со таа разлика што мажите слабеат полесно и побрзо. Важно е лицето да нема други сериозни здравствени проблеми, со исклучок на оние кои се последица на самата дебелина, односно висок крвен притисок, зголемени маснотии, проблеми со варењето… Пред самиот третман советникот за липосукциска исхрана ќе процени дали постојат сомнежи за некои контраиндикации.
Дали по диетата килограмите се враќаат?
– Целта на третманот е трајна загуба на вишокот килограми, односно постигнување и одржување на оптималната телесна тежина. После третманот за „симнување“ на вишокот на масно ткиво, лицето продолжува со диета за одржување, која трае до три месеци, а потоа доаѓа до пресврт во базалниот метаболизам, односно организмот го навикнуваме на умерена, разновидна и здрава исхрана, која би требала да обезбеди килограмите да не се вратат. Во случај клиентот, со својот начин на живот и со натамошната неправилна и прекумерна исхрана, да ги врати изгубените килограми, третманот со неинвазивна липосукција може да се повтори.
Дали протоколот е сигурен за здравјето?
– Протоколот на липосукциска исхрана е сосема сигурен за здравјето. Во текот на третманот не се чувствува глад, нема пад на шеќерот и на енергијата, се чувствуваме одлично, а килограмите се губат брзо, со што сме дополнително мотивирани да продолжиме понатаму. Првите резултати се видливи веќе по 72 часа.
Закажете и вие бесплатен совет и консултација во „Липо диет“ центарот (на улица „Димитрие Чуповски“ број 22, спроти поранешен „Мекдоналдс“) или јавете се на телефоните 02 3151714, 070 535033. Протоколот за слабеење може да го нарачате и на домашна адреса.
(комерцијален текст)