Смртноста од ковид-19 кај пациентите зависи од нивниот имунолошки одговор и од нивниот имунолошки систем, рече пулмологот д-р Дејан Докиќ во денешното гостување на Сител, пренесува Плусинфо.
Тој истакна дека не секогаш се видливи дефектите во имунолошкиот систем, а кои се многу важни во вакви епидемии.
– Дури 70 отсто од смртните случаи од корона се должат на вториот бран, а со британскиот сој шансите за заразување беа за 40 до 70 проценти поголеми. И сето тоа во комбинација со проблемите што секој човек ги има е причина за поголемата смртност. Никој од нас не знае каков е неговиот имунолошки систем. Тоа не е нешто што можете рутински да го испитате со земање крв. Кај младите што починаа, најголема причина беше гојазноста и обезноста – рече д-р Докиќ.