Епидемиологот д-р Драган Даниловски, смета дека врвот на третиот бран може да го очекуваме за две недели, некаде кон средината на април.
Д-р Даниловски смета дека полицискиот час од 22 часот дал резултати, затоа што без него кој знае колкав ќе беше бројот на заразени и починати.
„Се намалија социјалните контакти и се спречи ширењето на вирусот“, вели Даниловски во вестите на Канал 5.
Тој вели дека здравствените власти постојано информираат дека здравствениот систем не е под толкав притисок и дека има слободни кревети. Но, како што вели докторот, што е со медицинскиот персонал, и здравствено и емотивно тие се истоштени, а се истите кои постојано работат.