И покрај значителното зголемување на бројот на нови случаи со варијантите Омикрон и Флурон кои се комбинација на сезонски грип со корона вирусот, експертите велат дека неговото ширење не треба да предизвика загриженост кај населението.

Доктор Даниловски вели дека тоа што оваа варијанта не дава сериозни здравствени компликации,  е причина поради која овој бран да не се чека со паника. Епидемиолог Драган Даниловски вели дека Македонија треба да го следи шведскиот модел, а не целосно да се затвора како што направија многу европски земји. Воедно додава дека во мај државата најверојатно ќе се прости од пандемијата.

Професорот Даниловски со оптимизам предвидува дека варијантата Омикрон е кулминација на пандемијата.