Сите вакцини штитат од индискиот сој на коронавирусот, но можно е и некој вакциниран да се зарази со таа мутација и да го донесе во земјава, предупредува епидемиологот Драган Даниловски во интервју за Сител.

Не знаеме колкав е процентот за такво нешто, но заразувањето со индискиот сој е можно и кај вакцинираните. Сепак мислам дека ризикот е мал, со оглед на тоа што на граница треба да приложите негативен ПЦР тест или доказ за вакцинација – вели д-р Даниловски.

Даниловски е категоричен и наведува дека треба да се вратат на работа.

Епидемиолошката слика го дозволува тоа. Конечно и дефинитивно треба да се вратат децата во училиштата, изјави Даниловски.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.