Професор д-р Драган Даниловски, чија тесна специјалност се инфектологијата и биостатистиката, во својата најнова анализа која ја сподели преку Фејсбук, во својата најнова анализа тргнува од резултатите на Институтот за имунологија при Медицинскиот факултет во Скопје, направени со тестирање по случаен избор на минувачи на главниот плоштад во Скопје, според кои од 1.000 тестирани луѓе, дури 31 отсто имале развиено антитела на коронавирусот (серопозитивни).
Даниловски нагласува дека примерокот е навистина мал и методолошки неприфатлив, но доколку сепак си земе за слобода да го примени на целата популација во Македонија, ќе се дојде до бројка од 496.000 граѓани кои имаат антитела. Притоа, нагласува дека до таа бројка дошол имајќи предвид дека според евиденцијата на Управата за електронско здравство – „Мој термин” при Министерството за здравство, актуелното население во земјава брои околу 1.600.000 лица.
Од друга страна, користејќи програма, коај ги зема предвид бројот на направените тестови, бројот на случаите, бројот на починатите (податоци од worldometers,info), а врз основа на основниот репродукциски број за ковид-19 (R0=2,6) и имајќи го предвид фактот дека практично никогаш не сме имале поизразени мерки на затворање, пресметав дека веројатниот вкупен број на случаи за Македонија е 734.045 или 45,9 проценти од вкупното население. Од овие пресметки произлегува дека, ако 496.000 (31%) се серопозитивни, а вистинскиот број на случаи е 734.045, тогаш 238.045 се заштитени само со клеточниот имунитет, вели д-р Даниловски.
Тој нагласува дека се заштитени според две студии – едната од Израел, спроведена на 12.000 здравствени работници, кои прележале ковид и другата во Катар, спроведена на 40.000 граѓани кои прелажале ковид. Вели дека следењето на испитаниците траело 35 недели. Некои имале развиено антитела, а некои воопшто немале. Сепак, стапката на реинфекции на крајот на тој период била 0,02% (две лица на 10.000).
Но, професорот предупредува дека за британскиот мутант на ковид-19 прагот на колективниот имунитет при кој репродукцискиот број ќе се спушти на 1 (а тогаш растот на дневните случаи ќе има тренд на стагнација) изнесува 85 проценти (а не 60, како за оригиналната варијанта). Тогаш, нагласува, ќе имаме т.н. ендемска форма на ширење на вирусот.
Професорот смета дека кога овие бројки би се прифатиле како можни дека на земјава би ѝ биле доволни вакцини за имунизација не нешто повеќе од 250 илјади лица.
Вкупното население во Македонија, според Управата за електронско здравство е околу 1.600.000, 85 проценти од 1.600.000 се 1.360.000 луѓе.
Ако од нив се извади веројатниот вистински број на случаи (734.045), го добиваме бројот на луѓе што не биле во контакт со вирусот – 625.955 лица.
За да се добие бројот на оние што подлежат на вакцинација, од овој број треба да се отстранат оние во возрасната група од 0-18 години. Нивниот број е 368.000 (23%). Ако овој број го извадиме од 625.000 луѓе кои не биле во контакт со вирусот, го добиваме бројот на оние кои треба да се вакцинираат, за да се дојде до праг на колективниот имунитет од 85%.
625.955 – 368.000 = 257.955 луѓе.
За тие да се вакцинираат, потребни се 515.910 дози на вакцина.
Тој на крајот укажува дека за да ја снема болеста од земјава, со исклучок на можни инцидентни случаи, потребно е не 85, туку над 95 проценти од населението да има имунитет.И конечно, имајќи предвид дека огромен број од граѓаните не планираат да се вакцинираат, реално, потребниот број на вакцини сигурно ќе биде многу помал, заклучува на крајот професорот Драган Даниловски.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.