Д-р Ирина Бухова, директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат во утринава во телевизиски гостување зборуваше за вонредната инспекциска контрола извршена во 18-те модуларни болници во Mакедонија.
Рече дека не заткнале некој неовластено да престојува во ковид одделенијата.
-Ние сме постојано на терен. Немаме затекнато некој неовластено да престојува во ковид болниците. За надзорите по 8 септември, кога се случи несреќата со пожарот во Тетово, далеку е поголема дисциплината и е промената атмосферата во сите болници по овој несреќен случај вели Бухова.Ковид одделенијата имаат апсолутна забрана за посета, потенцираше таа.
Според Бухова инспекторатот нема ингеренции од аспект на градежниот дел туку само од санитарниот дел.
Извештајот од германските експерти за пожарот во тетовската модуларна болница во кој животот го загубија 14 лица, според информациите од МВР, ќе биде доставен во рок од 10 до 15 дена, а извештаите од нашите експерти се очекуваат многу брзо да бидат готови, информираа вчера надлежните.