Координаторот на Ковид центарот во Тетово Гзим Нуредини вчера изјави дека од 14 тела кои се предадени на Институтот за судска медицина, две припаѓаат на цивили, а 12 се на пациенти кои се лекувале во Ковид центарот. Како што вели, се уште не се знае зошто тие биле таму, ако се знае дека посетите на пациентите заразени од Ковид се забранети. Ова го потврди и министерот Венко Филипче кој на вчерашната прес конференција изјави дека иако се забранети посети, сепак тешко е да се менаџира ова во Ковид центрите.
Со реакција се јавик д-р Нико Беќаровски.
Континуираното присуство на цивилни невработени лица внатре во ковид-центрите е свесно загрозување на јавното здравје. За вакво злодело казната не може да биде само разрешување на надлежните во тетовската болница, вели д-р Нико Беќаровски.