Кандидатката за советник во Советот на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Цветановска, изјави дека актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски ги уништил Карпош 3 и Карпош 4.

„Стевчо Јакимовски ги уништи Карпош 3 и Карпош 4, нема нови зелени површини, нема нови паркинг места, нема нови содржини,“ изјави Цветановска.

Таа потсети дека „во Карпош 3, во Лептокарија, вети подземен паркинг со фонтана и шеталиште над паркингот – инвестиција која ја најавуваше како најголема и најважна во неговиот мандат. Од тоа има само едно големо ништо“.

„И во Карпош 3 и во Карпош 4 зелените површини ги уништи, а нови не направи. Стевчо Јакимовски го бетонизираше Карпош 3 и Карпош 4, а вети нов парк, детско игралиште, нов скејт-парк и центар за старт-ап фирми,“ додаде таа.

Во изјавата Цветановска ја спомена и кандидатката на СДСМ, Маја Мојсова, за која рече:
„Маја Мојсова, која од СДС е поставена како статист на овие избори, треба да служи само како мост за префрлање на гласовите на карпошани во вториот круг на контото на Стевчо Јакимовски. Истиот оној Стевчо Јакимовски кој го уништи Карпош 3 и Карпош 4.“

„Маја Мојсова игра улога која на овие избори и ја даде Венко Филипче и Зоран Заев,“ додаде Цветановска, прашувајќи „дали ќе биде послушник на мафијата и ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски, а со тоа и за нова и продолжена бетонизација на Карпош.“

Текстот Цветановска: Стевчо Јакимовски ги уништи Карпош 3 и Карпош 4, ќе повика ли Маја Мојсова во втор круг да се гласа за него? е превземен од МАКФАКС.