Во реката Вардар, кај село Уланци, Општина Градско е забележано безживотно човечко тело, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи Велес.
Оттаму посочуваат дека телото било забележано од страна на полицијата од СВР Велес.
– Полицијата се обидела да го лоцира на неколку пунктови но безуспешно, па поради големиот водостој безживотно тело се движи кон Општина Неготино, стои во соопштението од ЦУК.
Дополнуваат дека за случајот е известена Дирекцијата за заштита и спасување и Локалната самоуправа.