Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека до 19:30 часот низ државава имало вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се пет, под контрола се ставени два пожари, а 11 се изгаснати.

Активни се пет пожари – во Општина Чашка на Планина Мукос кај селото Степанци (под контрола), активен  е кај с.Оморани и м.в.Кадиица – с.Ораов Дол  каде гори мешана шума, во Општина Прилеп кај селата Пештани – Кокре – Кален – Дуње – Бонче – Крушевица – Волково каде гори нискостеблеста вегетација, во Општина Чучер-Сандево кај с.Танушевци, м.в.Рамно гори мешана шума, во Општина Долнени кај с.Десово, во Општина Македонски Брод кај с.Грешница гори нискостеблеста мешана шума.

Под контрола се ставени 11 пожари – во Општина Штип кај с.Хаџи Хамзали – с.Едеклерци – с.Топлик, полигон Криволак  каде горела нискостеблеста шума, смреки и сува трева, во Општина Демир Хисар кај с.Вардино каде биле исечени дрва за огрев.

Од ЦУК информираат дека изгаснати се вкупно 11 пожари